Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, го нарече премиерот Албин Курти тиранин, нагласувајќи дека неодговорното однесување на политиката има цена, пишува Економија онлајн.
Харадинаj наведува дека односот на Курти предизвикал меѓународната заедница да има повеќе симпатии кон Србија отколку кон Косово.
Премиерот стана тиранин. Доаѓаат последиците од неодговорното позиционирање на премиерот на Косово во однос на речиси сите теми поврзани со земјава. Последица на неговото погрешно позиционирање е итно враќање на ЗСО и предноста на Србија во процесот на дијалог. Неговиот погрешен пристап доведе до фактот дa меѓународната заедница гледа на Србија со повеќе симпатии од Косово. Албин Курти успеа да го претвори џелатот во жртва“, изјави Харадинај.
Тој додаде дека одлуките на премиерот Курти во сферата на економијата, безбедноста и образованието, дијалогот и односите со сојузниците станаа тежок товар за Косово.
„Неговите одлуки во сферата на економијата, безбедноста, образованието, дијалогот, односите со стратешките партнери веќе станаа тежок товар за земјата и народот. Во тој контекст треба да се почитува неодамнешната одлука на Судот на правдата на ЕУ за исклучување на Косово од Организацијата на европските телекомуникациски регулатори“, додаде Харадинај.
Харадинај посочува дека погрешното позиционирање на премиерот Курти го вратило прашањето за Заедницата на општини со српско мнозинство.
„Тој оди на Светскиот економски форум во Давос со парите на даночните обврзници, наводно за да зборува за странски инвестиции во Косово, па дури го организира и Самитот на инвеститорите во Цирих, додека парите од буџетот се затворени во бункер, а економијата е во урнатини“. Ова во најмала рака е лицемерие. Премиерот се претвори во тиранин“, рече Харадинај.