Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл повторно пристигнаа во Велика Британија, шест години откако ги напуштија кралските должности и се преселија во Соединетите Американски Држави.

Според британските медиуми, авионот со кој патувале Хари и Меган слетал околу пладне на меѓународниот аеродром во Бирмингем.

Нивните деца, седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет, веќе се запишани во британски училишта и наставата треба да ја започнат во септември.

Семејството планира да се смести во приватна резиденција надвор од Лондон, но точната локација засега не е објавена.

Хари и Меган ги напуштија своите кралски должности пред повеќе од шест години, по што се преселија во Калифорнија. Во САД тие остваруваа приходи преку профитабилни договори со „Netflix“ и „Spotify“.

Односите со останатите членови на кралското семејство набрзо се влошија. Двојката тврдеше дека персоналот во палатата покажувал нечувствителност кон менталното здравје на Меган, а изнесоа и обвинувања дека некои членови на семејството биле поврзани со расизам и медиумска манипулација.

Хари неодамна изрази интерес за помирување, со желба да поминува повеќе време со својот татко, кралот Чарлс III, кој се лекува од рак.

Односите меѓу Хари и неговиот брат, принцот Вилијам, кој е наследник на британскиот престол, сепак и натаму се затегнати.