Американските сили погодиле речиси 200 цели во Иран, вклучително и околу Техеран

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД располагаат со значителна воена предност во конфликтот со Иран и се подготвени за долгорочна кампања.

– Немаме недостиг на муниција. Нашите резерви на одбранбено и офанзивно оружје ни овозможуваат да ја одржиме оваа кампања колку што ни е потребно, посочи Хегсет.

Тој додаде дека судирот со Иран е во почетна фаза:

– Само што почнавме борба и одлучно ќе се бориме, наведе Хегсет.

Командантот на Централната команда на САД, адмиралот Бред Купер, истакна дека американските сили за 72 часа погодиле речиси 200 цели во Иран, вклучувајќи области околу Техеран. Според него, уништени или потонати се 30 ирански бродови, што покажува значително интензивирање на операциите на морскиот фронт.