Директорката на американското разузнавање Аврил Хејнс изјави дека руската војна во Украина го „намалува темпото“ и посочи во наредните месеци украинските сили имаат добри изгледи.

Таа додаде дека се гледа  намаленото темпо на конфликтот, како и оти двете страни ќе гледаат повторно да се опремат, да ги обноват резервите и да се реорганизираат, за можна украинска противофанзива на пролет.

Хејнс посочи дека таквата ситуација и во тој временски период е „пооптимистична за Украинците“.

На Хејнс и влева надеж тоа што воените аналитичари на Путин не го известуваат околу лошите изгледи на руската армија, па со тоа дел од руското раководство се држи во заблуда. Вели дека Русија не баш во најдобро расположение и тоа може да биде додатен мотив за Украинците да издвојуваат победа.