Поради технички проблем хеликоптер на македонската Армија принудно слетал кај селото Коњари – дознава радио Лидер од извори во АРМ.

Нашиот извор вели дека немало повредени. Ова е веројатно единствениот оперативен хеликоптер на армијата.

Случајот го потврдиваат и портпаролите на МВР.