Интервенција на воздухопловниот ВИНГ

Денес, во текот на попладневните часови, хеликоптер Ми-8/17 од воздухопловниот ВИНГ беше ангажиран за гасење на шумски пожар што избувна во атарот на село Русиново, поточно во месноста Стојаково – Дрџински рид, на територијата на Општина Берово.

Во рамки на интервенцијата беа реализирани девет прелети, при што беа испуштени вкупно 18 тони вода директно врз најкритичните точки на пожарот. Акцијата се спроведе во координација со надлежните локални и државни институции со цел ефикасно справување со пожарот и спречување на негово проширување.

Преку навремената и координирана акција, Армијата уште еднаш покажа дека располага со капацитети и стручност за брза интервенција во ситуации кои го загрозуваат локалното население и природната средина.