Откриено спомен обележје за Илчо Гоцевски, 64-та жртва на пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани.
Иле, возач во Итната медицинска помош, почина на 17 март во својот дом, откако претходно, во кобната ноќ, со своето возило превезуваше повредени на Клиники во Скопје. Тој 11 пати патуваше до Скопје на кобниот ден, носејќи надеж, спас и утеха.
Илчо не беше само сведок на трагедијата – беше човекот што ги држеше рацете на повредените, што помогна да се најдат и препознаат оние кои повеќе не можеа да зборуваат… Тој не штедеше ништо, дури ни себеси.
Граѓаните на Кочани денеска се поклонија пред неговата биста за да му одадат почит.
Радио Кочани сподели серија фотографии од настанот.
