12 лица убиени

Најмалку 12 лица, меѓу кои и две деца, беа убиени откако вчера експлодираа пејџери во Либан што ги користеа членовите на вооружената група Хезболах за комуникација. Околу 2.800 луѓе беа повредени во истовремени пејџер експлозии во Бејрут и други делови на Либан. По нападот Хезболах вети дека ќе му се одмазди на Израел.

(ВОЗМЕНИРУВАЧКИ ВИДЕА) Снимки од експлозиите во Либан – 11 загинати, 2800 повредени, 200 во критична состојба

Кој ги произвел пејџерите?

По нападот се отвори прашањето која компанија ги произвела. Откако излегоа информациите тајванската компанија се огради и вели дека пејџерите го имаа нивното лого, но тие биле произведени во Унгарија. Шефот на Хезболах утре ќе одржи говор и ќе ги соопшти деталите. Либанскиот министер вели дека доаѓа нивната победа, а деновите на Израел се избројани.

Експлозии и во Сирија

14 лица беа повредени и во Сирија кога експлодираа пејџери што ги користеше Хезболах.

„14 лица од непозната националност беа повредени во и околу Дамаск, откако пејџерите користени од Хезболах експлодираа“, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

Реакции

Хезболах вети одговор на она што се случи. Групата е убедена дека зад нападот стои Израел. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи исто така го нарече инцидентот „терористички чин“ за кој е виновен Израел. Израел од своја страна не ги коментираше експлозиите, но доцна синоќа се одржа состанок на воената команда на земјата. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан разговараше за ситуацијата со либанскиот премиер Наџиб Микати и изрази сочувство од Анкара.