Од МВР уверуваат дека со цел капацитет работат  врз откривање на ИП адресите од кои доаѓаат лажните дојави за бомби на мејловите на училиштата. Истрагите се во тек, но ваквите случаи тешко се докажуваат.

Истрагите кои се однесуваат на заканите за поставени експлозивни направи и оние кои се од ИП адреси за кои може да се докаже, веќе се изведени пред лицето на правдата. Очекуваме дека ќе ги обезбедиме сите докази за уште пет до шест случаи, рече Спасовски во одговор на прашање при денешната посета на реновираната кујна на Единицата за брзо распоредување во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Министерот Спасовски  потенцира дека заканите со бомби се дел од глобалната хибридна војна која започна со руската агресија врз Украина. Тој очекува ваквите сајбер напади да се засилат во наредниот период., но смирува дека полицијата има капацитет да се справи со нив. Крајната цел на со ваквите закани е да предизвикаат страв и немир кај населението.

Препораката на министерот е да се следат сите протоколи и упатства на безбедносните служби во случаите на дојавите за бомби.