Дваесет годишна девојка се породила во тоалетот на автобуската станица во Белград, тврдат очевидци, а пренесуваат српските медиуми. Таа родила машко дете, кое го кристила Вук.
Според српски „Блиц“ се почнало кога автобусот на релација Ковин-Куршумлија направил пауза во Белград, на главната автобуска станица. Дваесет годишната девојка, која била во деветиот месец од бременоста, патувала со нејзината мајка.
„ Слушнав како некој вика: ‘Помош!’. Истрчав во тоалетот и ја најдов девојката многу вознемирена, вознемирена, тотално без памет! Жената на околу 20 години веќе се породила, а детето паднало во ве-це шолјата. Го извадив бебето, цело беше модро и црно. Успеав да го оживеам“, изјавила Здравка Рутиќ, хигиеничарка на Главната автобуска станица во Белград, пренесува „Блиц“.
Набрзо потоа дошло обезбедувањето и повикало Брза помош. Лекарите телефонски им кажале како да ја врзат папочната врвца, а откако тоа го направиле ги чекале лекарите од Брза помош.