Една секунда експлозија – цел живот хендикеп. Лекарите апелираат колку се сериозни последиците од користењето на петарди за време на новогодишните прослави. Малолетници завршуваат на пластична хирургија со изгубени прсти, око, но и тешки повреди од користење на пиротехнички средства. Годинава нема вакви пациенти и хирурзите посакуваат така да помине и најлудата ноќ.
-Една секунда експлозија цел живот хендикеп. Затоа посакајте си нова година со убава желба и мисла а не со користење на петарди, вели д-р Софија Пејкова директор на Клиника за пластична и реконструктивна хирургија.
Тимови од пластична хирургија со студенти по медицина имаа едукативни кампањи за средношколците од прва година во 28 градови низ државата. Ги учеа за опасностите од петардите и дека пиротехниката ги уништува празниците но и животите.
-Изненадени сме од резултатите бидејќи 90 проценти од средношколците увода колку се важни нашите раце, 80 проценти дека нема да користат тавки средства а исто толкав процент и дека ќе ја пренесат пораката на врсниците, вели д-р Пејкова.
Освен сериозните повреди на раце, очи и инвалидност, петардите се опасни и за домашните миленичиња и звуците од пиротехничките средства предизвикуваат инфарктни состојби