Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека во 2022 година гледа предвремени избори.
ДУИ ќе доживее тектонски удари и политичката иднина на Албанците, барем на наредните избори, ќе биде албанската опозиција, порача Хоџа.
На прашање на модераторот за тоа кога ги гледа следните избори, Хоџа ја посочи 2022 година.
Во 2022 година гледам превремени избори. Оваа Влада не е стабилна и без легитимитет, додаде Хоџа.