Целта на патувањето е да се провери дали е возможен туризмот за време на пандемијата и да се обезбеди увид во тоа како туристите можат да патуваат безбедно и одговорно.

Избрани туристи ќе летуваат на островот Родос во хотел со 5 ѕвездички „Mitsis Grand Beach“ по цена од 399 евра по лице, што ќе го финансира холандската влада. Тие ќе бидат единствените корисници на овој хотел, а друштво ќе им прави исклучиво персоналот.

Нема да им биде дозволено да го напуштат хотелот, но ќе можат да го користат хотелскиот базен, рестораните и многу други хотелски капацитети. По враќањето дома, тие одат во десетдневен карантин.

Најмалку 25.000 луѓе се пријавиле на овој експеримент, пишува Би-Би-Си.

Условите за пријавување биле лицата да се на возраст меѓу 18 и 70 години, да немаат високи здравствени ризици, а понатамошните критериуми ќе ги утврди владата.

Патниците ќе бидат тестирани за ковид-19 пред и по патувањето, а доколку некој од нив се зарази за време на патувањето, ќе мора да бидат ставени во карантин во хотелот „Ковид Хотел“ – на товар на агенцијата Sunweb.