Холандскиот премиер Марк Руте рече дека новите мерки ќе важат од 25 септември и ќе значи дека задолжителното одржување на физичко растојание од најмалку 1,5 метри се укинува, дека луѓето ќе може да одат во барови, ресторани, на фестивали и на спортски натпревари со полн капацитет.
Меѓутоа, за влез ќе им биде потребна ковид-пропусница која ќе значи доказ дека лицето е вакцинирано, прележало ковид-19 или има негативен тест. Овие докази ќе бидат потребни за сите постари од 13 години.
Здравствените власти потенцираа дека ова не значи оти ги принудуваат луѓето на вакцинација, туку дека граѓани може и да се тестираат за да влезат негде.
Кога станува збор за заштитните маски, тие остануваат задолжителни во јавниот превоз и на аеродромите, но не и во возовите.
Плановите за ублажување на рестрикциите холандскиот премиер ги најави пред еден месец, а вчера беа потврдени.