Холандски државјанин бил спасен откако неговото возило се излизгало на регионалниот пат Галичник – Лазарополе, соопшти РЦУК Гостивар.
Сообраќајката се случила вчера доцна попладне по што од ПС во Маврово и Националниот парк Маврово се упатиле кон местото на инцидентот.
Странскиот државјанин бил извлечен без повреди и пренесен во Маврово.