Хорор информации пренесуваат босанските медиуми, имено српскиот ракометар Никола Томиќ бил нападнат на бензинска пумпа од женско лице.

Според информациите, Томиќ бил избоден во пределот на вратот со остар предмет. За среќа била избегната трагедија и ракометарот на Дрина од Зворник поминал само со повреди.

Инцидентот се случил ноќта помеѓу недела и понеделник околу три часот по полноќ.

„Поради немилиот настан што го потресе нашиот клуб, решивме да и се обратиме на јавноста. За жал, овојпат не зборуваме за спортски успеси или настани. На 16.4.2023 година, околу три часа по полноќ, полициски службеници од Полициската станица Зворник го привеле лицето И.Л. за обид за убиство. Нашиот ракометар Никола Томиќ беше нападнат со ладно оружје, а во таа прилика се здоби со повреди во пределот на вратот во вид на тешка расекотина. За наша среќа, ако може да се нарече среќа, по ладнокрвниот напад Никола брзо беше згрижен во болницата Зворник“, објави клубот на Томиќ.

Ракометарот по приемнот во болница објави и фотографија од болничкиот кревет, засега нема информации кога би можел да се врати на терените.