Три тела се пронајдени во куќа во близина на Пореч, во Хрватска, соопшти истарската полиција.

Истрагата е во тек, а на местото на настанот се наоѓа и надлежниот државен обвинител.

„Околностите на инцидентот се утврдуваат“, соопшти Оперативно-комуникацискиот центар на истарската полициска управа.

Според неофицијални информации на порталот Istarski.hr, телата биле пронајдени во населбата Филипини. Наводно се наоѓале во полураспадната состојба, поради што засега е тешко да се утврдат идентитетите и возраста на починатите, како и дали станува збор за членови на исто семејство.

Полицијата продолжува со истрагата за да се утврдат сите околности поврзани со случајот.