Во околината на Радовиш, 24-годишна мајка ги заклучила децата во соба и се отрула во полското веце.
Трагичниот настан со 24-годишната мајка на две деца од радовишкото село Тополница, како што објави „Слободен печат“, се случил во средата. Пред да посегне по сопствениот живот, жената снимила видео во кое таа моли да се обелодени нејзиниот проблем и работата да не се остава.
„Сега ќе ви откријам нешто. Кој е причината за ова, кој е причината што ќе посегнам по својот живот, кој ја донесе работата до овој степен. Сега ќе ги кажам (наведува шест машки имиња). А супстанцата со која ќе посегнам по мојот живот ми ја даде (наведува име). Тие секогаш ме вознемируваат, постојано ме вознемируваат. Не можам да излезам од дома, до тоалетот не можам да одам. Тие ме примораа на ова. Има и многу други, ама не знам кои се. Ве молам не ја оставајте оваа работа, обелоденете се“, вели таа во видеото што го доби „Слободен печат“.
Според информации на „Слободен печат“, жената била во втор месец на бременост.