Физичка пресметка по алкохолно пијанство заврши трагично за 31-годишник

Хорор во Загреб. Во стан во четврток навечер се случи трагичен инцидент кој ја потресе јавноста. Според информациите од хрватската полиција, двајца мажи на возраст од 39 и 31 година, откако заедно консумирале алкохол, влегле во жестока расправија. Ситуацијата кулминирала со физичка пресметка, по што слледувал хорор. За жал, помладиот маж починал како последица на тешките повреди.

Маж во Хрватска ја ранил сопругата, ја убил нејзината мајка, па се самоубил

Инцидентот се случил околу 20 часот, а полицијата потврди дека на местото на настанот интервенирале веднаш по пријавата. Телото на жртвата било пронајдено во станот, а осомничениот 39-годишен маж е пронајден и приведен кратко потоа.

Истражна постапка во тек – мотивот останува непознат

Иако осомничениот е веќе во полициска станица каде против него е отворена кривична истрага, засега не се познати деталите за односот меѓу двајцата ниту пак точниот мотив кој довел до кобната тепачка.

Полицијата работи на расчистување на случајот и најави дека ќе обезбеди повеќе информации откако ќе бидат завршени првичните истражни дејства.

Извор: Фокус