Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 13 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина, не се примени нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 76 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 225 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 130 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На Клиниката за детски болести има 6 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 30 болни.

Вкупно 570 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 160 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.