Вкупно хоспитализирани се 34 пациенти на возраст од 15 до 90 години.

„Зголемен е бројот на хоспитализации, како и на прегледи во ковид амбулантата. Тешка е клиничката слика кај хоспитализираните, претежно кај невакцинираните. Дури 70 проценти од нив се невакцинирани“, вели директорката на Болницата, Билјана Гагачовска, за СДК.мк.

Во земјава досега од коронавирус починаа 7.178 болни, а активни се 7.131 случаи.