Хотелите во Охрид од Велигден ќе бидат за 30 отсто поскапи.

Поскапени се производите, енергенсите, а и платите на персоналот и затоа мораат да ги коригираат цените. Сепак, Охрид е меѓу најевтините дестинации во регионот. Хотелиерите очекуваат успешна сезона и голем број туристи. Годинава се очекува поголем број на туристи од Англија, Полска и Холандија по воспоставените сезонски летови од овие држави. Во регионот, исто така има коригирани цени на сместувањето.