Ова навистина претставува капитален проект и за самите жители на селото Чифлик, но и за општината Петровец, рече Мицкоски кој додаде дека во деновите кои што следуваат ќе имаме уште вакви проекти кои што пред граѓаните ќе ги отвориме и пред македонската јавност.

Овде сум на покана на градоначалникот Борче Митeвски, не можам да го скријам своето задоволство и својата среќа што еве гледам и лицата на граѓаните овде по насока на поддршка и задоволство што овој проект е успешно завршен.

Јас само можам да посакам така да се продолжи и во иднина да се работи на подобрување на условите на живот во секоја македонска општина, без разлика дали е тоа градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ дали е тоа од ДУИ, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, за граѓаните на Македонија е важно да тие ги имаат условите за живот како една европска пристојна земја, како земја кандидат за полноправно членство во Европската Унија.

Така што ја стискам раката пред овие успешни луѓе и само така нека продолжат нека работат во интерес на граѓаните и во интерес на државата, изјави Мицкоски.