Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, се огласи на Фејсбук и порача дека безбедносниот систем не е декларација, туку механизам што мора да функционира.
Безбедносниот систем не е декларација, тоа е механизам што мора да функционира. Агенцијата за национална безбедност е клучна алка во тој систем, во кој заедно со Владата и соодветните институции навремено ги препознаваме ризиците, реагираме ефикасно во насока на обезбедување на долгорочна заштита и безбедност за граѓаните.
Во таа насока, денеска се одржа седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, не како формалност, туку како дел од суштинскиот напор за координирано институционално дејствување.
Насилниот екстремизам, тероризмот и корупцијата се закани што произлегуваат од длабоки институционални слабости. Затоа, нашата борба е паралелна, како за безбедност, така и за правда и за институции што вистински служат на граѓаните.
Извештајот на ГРЕКО го потврдува тоа што го градиме, систем што не само што постои, туку и функционира и е признание за нашата посветена работа и јасна визија.
Стабилна и правична Македонија не се гради со зборови, туку со резултати.
И ќе продолжиме така – решително, одговорно и без отстапки.