Објавата на Бојан Христовски која е насочена за многуте промени на директорски места и неработењето на Данела Арсовска ја пренесуваме во продолжение:
Продолжува серијалот наречен “промена на директори што не ми се по кејф!” Последни на дневен ред се новите смени на директори во ЈП “Водовод и канализација” и ЈП “Градски паркинг”.
На последните парламентарни избори, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со нејзината купена партија во Скопје освои околу 2500 гласа или само 2% од гласовите кои претходно ја направија градоначалник❗️
Се прашувате каде се стопија 118749 гласа кои ги освои на локалните избори во 2021 година⁉️
Зошто ја нема повеќе поддршката од скопјани⁉️
Скопје после три години од нејзиниот избор е се, само модерно не. Градот тоне и очајно моли некој да го спаси.
Данела не беше поддржана за да глуми лажна величина и да си поигрува со сите нас.
Данела беше избрана да се бави со предизвиците со кои се соочуваат жителите на Скопје, да ги решава комуналните проблеми, да го врати хуманото живеење, да изгради нови паркови и игралишта, да инвестира во брзи конекции помеѓу главните населени места во градот, да го одржува зеленилото, да ги дигитализира градските услуги, а не да си игра висока политика и да ги лечи сопствените комплекси на грбот на скопјани.
Маќеата на градот Скопје целосно ја запушти метрополата. И откако виде дека граѓаните ја множат со нула, достоинствено ќе беше по парламентарните избори оваа пролет како секој одговорен политичар да си поднесе оставка. Наместо тоа, таа продуцира конфликти, ги смени сите можни директори по неколку пати и продолжува да креира хаос во градот.
Ни морал, ни етика, ни чест! Но, одговорноста наскоро ќе и чукне на врата! Народот преку институциите ќе ја врати во реалноста зошто очигледно не умееше да си ги исконтролира алчноста и ароганцијата.