„Не само што нема тековни и редовни колегиуми туку на пример кога беше сега последново невреме, во Скопје кога нели се случи хаос, го имав ангажирано целиот тим на луѓе. Тие што беа во моментов работно ангажирани на паркинзи прекинаа со работа, со блокирање и со подигање на возила, наплата на рампи и слично, а дополнително викнав и други луѓе од дома за да сите заедно ги расчистиме паркинзите, да помогнеме на луѓе, имаше паднато дрва врз коли.

Дури имавме објава и ставен телефонски број, кол центарот кој што е задолжен за други работи во овој случај го ставивме во функција во справување со последиците од невремето, не само за паркинзите туку буквално за се што им треба на скопјани. Значи ангажирав околу 80-тина луѓе уште вечерта. И цело време очекував дека ќе бидам викнат и слично, но после вечерта дури касно слушнав дека имало некаква координација иако како директор на Градски паркинг сум заменик во тој Кризен штаб на Скопје и требаше да учествувам, но не ме повика градоначалничката“, истакна Бојан Христовски во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.
Христовски посочи градоначалничката го нема повикано во Кризниот штаб ни дента кога се случи невремето во Скопје, ниту утредента.

„Не бевме повикани, а ниту беше побарано нешто од нас, се што правевме беше наша иницијатива“, рече Христовски.

Тој додаде дека сепак тој бил на терен постојано со своите вработени за да помогне на скопјани.