Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски веќе неколку месеци е актуелен за пошироката јавност откако со неговото име се поврзуваат неосновани контроверзии наметнати од центрите за комуникација на опозициските партии.

Неосновани обвинувања за Христовски

Доказ за тоа дека обвинувањата за Бојан Христовски се неосновани потврди и Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која утврди дека нема основ за постапување по наводите за судир на интереси и корупција во врска со именувањето на Бојан Христовски за директор АНБ. Уште еден доказ, за Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е тоа што доби позитивно мислење и сертификат за пристап до класифицирани информации на НАТО.

Откако на сите им стана јасно дека во прашање се многу неосновани контроверзии, Христовски даде интевју за „Слободен печат“ каде потврдува дека не учествувал во процесот на проверка за НАТО-сертификатот.

– За сите постапки поврзани со НАТО безбедносните сертификати, како за мене, така и за сите останати лица, надлежна институција е ДБКИ (Дирекција за безбедност на класифицирани информации) како институција која го води процесот и го издава сертификатот. Ве информирам дека јас лично не сум учествувал во ниту една фаза од процесот на проверка. Воедно напоменувам дека од НАТО е добиено позитивното мислење за сертификатот кој ми беше издаден од посочената ДБКИ. Тоа е факт кој може да се провери, вели директорот на АНБ.

„Безбедносните сертифакати се привилегија“

Христовски безбедносните сертификати ги опиша како привилегија.

НАТО ДАДЕ АМИН ЗА БОЈАН ХРИСТОВСКИ: Ќе располага со најголемите тајни на алијансата

Христовски дополни дека проблематиката за безбедносни сертификати е специфична стручна област која непотребно медиумски се популаризира.

– Безбедносните сертификати не се право, туку се привилегија за лицата за кои е утврдено дека не постојат безбедносни пречки да ракуваат со класифицирани информации во сопственост на државата или Алијансата. Затоа мислам дека за вакви прашања во општеството може да се дебатира, но врз основа на факти, а не шпекулации. Доколку постоел и најмал сомнеж за безбедносен ризик во процесот за издавање на НАТО безбедносниот сертификат од страна на НАТО и од другите вклучени институции во процесот, истиот немаше да ми биде издаден од страна на ДБКИ – нагласи Христовски.

Христовски ќе може да располага со сите доверливи инфомации на Алијансата

НАТО сертификатот за Христовски значи дека во иднина тој ќе може да располага со сите доверливи инфомации на Алијансата. Вообичаено, процесот за проверка на подобноста за добивање на пристап до НАТО тајните го води централата на НАТО и низ него длабински се проверува подобноста на кандидатот. Како што и претходно објави Радио Лидер, согласно методологијата, проверени биле и скандалите кои за Христовски ги објавуваше опозицијата и некои медиуми.

Во минатото поголем број на функционери од Македонија беа одбиени за ваков сертификат од страна на НАТО.