Изминатиот период социјалните мрежи се преполни со фотографии од преполни контејнери и ѓубре во централното градско подрачје. Минатиот месец дури и скопските градоначалници реагираа дека не се празнат контејнерите од страна на комуналното претпријатие.
Овој пат со апел на социјалните мрежи излезе порашениот в.д. директор на „Градски паркинг“.
„Ајде да ја разбудиме заспаната Данела!
Додека Арсовска се бави со бизнисот наречен ,,фамилијарни вработувања”, во Скопје се шири неподнослива реа.
Скопјани алармираат и бараат Данела да ги извади розовите очила со кои се шета веќе три години низ македонската метропола.
Ајде да ја освестиме заспаната Данела! Ве повикувам сите, утре масовно да направиме фотографии и видео снимки од нехигиената во Скопје и немарноста на Арсовска и да ги споделиме со неа!
Мандатот и истекува! Време е за акција!!!“, напиша тој на Фејсбук.