Наместо во затвор за трговија со дрога посетен од Османи како жртва. Христијан Пендиков, 21 годишен млад човек од Охрид, кој може да стане камен на сопнување во и онака нарушените односи меѓу Бугарија и Македонија. Се чини дека источниот сосед не бира начин како да прикаже злоставување на Бугарите во Македонија, па овој пат влечејќи, го извлече најкраткото стапче, пишува порталот ХРОНИКА.
-Тепачка помеѓу неколку млади луѓе во Охрид во доцните вечерни часови Софија се обиде да ја обои во боите на наводната омраза кон Бугарите во Македонија, но што всушност се крие зад младиот Пендиков, и дали неговите „Бугарски корени“ се причина за неговото претепување? Нашата редакција контактираше повеќе свои извори во МВР, детално го истраживме досието на Пендиков, и сознанијата до кои дојдовме од корен ја менуваат целата слика за младиот „Бугарин“. Информациите до кои дојдовме говорат дека Пендиков и е познат на полицијата уште од 2020 година, кога е приведуван од страна на МВР Охрид, заради бегство од полиција со нерегистрирано патничко моторно возило. Имено нашиот извор говори дека на 16.02.2020 година нерегистрирано патничко моторно возило Форд Мондео без регистарски таблички е забалежано од страна на полициска контрола во н. Рача во Охрид, при што е направен обид истото да биде запрено, а лицата во него легитимирано. По обидот на полицијата да го запре возилото, тоа се дава во бегство. Полицијата прави потрага, а по кратко време возилото е пронајдено празно. Од страна на МВР се пребарува и теренот, а во близина на возилото се пронајдени три лица, меѓу кои и Пендиков. По извршен разговор со Пендиков и другите две лица, тие признале дека биле во возилото и истото го управувале, по што истите се приведени, а потоа и пуштени. Во однос на овој случај требало да биде поведена постапка, како завршила нашиот извор не е информиран, објави порталот.
На Пендиков му тргнува од рака со полицијата, па тој за неполна година има уште една „блиска средба“ со органите на прогонот.
-На ден 20.10.2021 година, според нашите извори од МВР, Пендиков, од страна на охридската полиција е фатен со поголемо количество кокаин. Имено како што тврди нашиот извор, Пендиков заедно со уште две лица вечерта на 20 октомври 2021 година околу 20.25 часот бил во м.в. Горно Лескоец во близина на црквата св.Спас, каде заедно со неговите придружници седел на клупите, а пред нив било паркирано ПМВ БМВ. Откако ја забележал полицијата Пендиков почнал да бега, но во обидот за бегство бил спречен од страна на полицијата. Откако Пендиков е спречен во бегството сите лица биле легитимирани, а кај Пендиков било пронајдено најлонско ќесе, со бела прашкаста материја, кокаин. По однос на овој случај истиот ден Пендиков е лишен од слобода поради основано сомнение за сторено КД од чл.215 од КЗ, отворен е случај, но повторно разрешницата на истиот е непозната за нашиот извор, објави ХРОНИКА.
Како што говорат информациите Пендиков продолжува со истото поведение и во период по 20.10.2021 година, и тој и е познат на охридската полиција.
-Дали вечерта кога младиот Пендиков бил нападнат навистина станувало збор за напад врз него на етничка основа или нешто друго, на големо веќе се зборува низ охридската чаршија. Фактите од полициски извори кои ги обелоденивме со овој текст, според нашиот извор се заведени во полициска евиденција и тие не можат да бидат демантирани.
Очигледно е дека младиот Пендиков од благо надежен нарко дилер сака да стане благо надежен Бугарин, но нејасно е зошто година ипол по наркодилање Пендиков наместо во затвор е посетен од вицепремиер? Што се чекало и зошто неговите прекршоци и кривични дела не биле процесуирани? – анализира порталот.