Казната ја одредил судскиот совет на првостепениот суд во Милано, и истовремено, според судска одлука, тој ќе биде протеран од Италија кога сите услови ќе бидат исполнети во договор со Хрватска.
Што се однесува до измачувањето, ова, според италијанските медиуми е прв ваков случај во Италија од областа на семејното насилство.
Хрустиќ палел цигара и користел отпушоци од цигари по телото на неговото дете чиј плач бил премногу силен. Во еден момент на тотална беспомошност и болка, момчето заспало во сон засекогаш, наведуваат медиумите.
Три часа подоцна, Хрустиќ го повикал бројот 112 и извикал: „Помогнете, мојот син не дише“. Но, пред да пристигне брзата помош, тој побегнал со своите ќерки. Тој се скрил во куќата на свој познаник, но неколку часа подоцна бил пронајден и уапсен. Во меѓувреме, неговата бремена сопруга неутешно го држела и го гушкала безживотното тело на нејзиниот син пред болничарите.
За време на судската постапка, Хрустиќ се обидел да ја префрли вината на неговата жена.
– Јас навистина го удрив, но не тешко. Всушност, го гризнав, но не тешко. И го удрив во окото и му изгаснав цигари по телото се бранел обвинетиот во судницата.
Тој исто така изјавил дека, „кога пушел хашиш, имал лоши напади“.