Во последните 24 часа се регистрирани 1442 нови случаи на заразени со вирусот Ковид-19, бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува вкупно 9976.

На болничко лекување се 657 пациенти, од кои 40 пациенти се на респиратор. Од последиците на вирусот починале 9 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се регистрирани вкупно 1.100.618 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 15.584 починале, а вкупно 1.075.058 се опоравиле, од кои 1.485 во последните 24 часа.

Во моментов има 6.599 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 4.683.210 лица, од кои 5.016 во последните 24 часа, пренесе Индекс.хр.