Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 5732 случаи на Ковид-19, од 12499 тестирани.

Од последици предизвикани од корона вирусот починале 45 лица, соопшти Националниот кризен штаб.

Според последните податоци на болничко лекување во болниците низ Хрватска од корона се лекуваат 1717 лица, а 224 пациенти се вклучени на респиратор.

Во Хрватска во моментов има 55499 заболени од коронавирус, а во самоизолација се 25448 лица.