Хрватска им препорача на своите државјани во источна Украина да ја напуштат областа, изјави денеска министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.
Тој истакна дека одлуката е донесена во интензивна комуникација со хрватската амбасадорка во Украина и следејќи ги искуствата на другите земји, пренесува агенцијата Хина.
– Ситуацијата е загрижувачка, но тоа не значи дека ќе ескалира. Се уште се прават дипломатски напори тоа да не се случи, нагласи Грлиќ Радман во Минхен, каде што учествува на безбедносна конференција.
Шефот на хрватската дипломатија пред неколку дена изјави дека во источна Украина има 25 хрватски државјани, но се претпоставува дека повеќето од нив досега си заминале.