Недостигот од работна сила во регионот се продлабочува, а најновите податоци од Хрватска покажуваат колкав е притисокот врз пазарот на труд, во услови кога и Македонија се соочува со зголемена миграција на работници.
Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на годинава до 30 ноември во Хрватска се издадени вкупно 160.176 дозволи за престој и работа за странски државјани.
РАБОТНАТА СИЛА ОД МАКЕДОНИЈА
Од вкупниот број издадени дозволи, 76.700 се однесуваат на нови вработувања, додека 64.009 дозволи се издадени за продолжување на постојните работни ангажмани. Дополнително, 19.467 дозволи се одобрени за сезонска работа, објавува „Јутарњи“.
Најголем број дозволи за престој и работа се издадени на државјани на Босна и Херцеговина – 30.188. По нив следуваат работници од Непал со 29.579 издадени дозволи и од Србија со 23.145.
Меѓу земјите од кои доаѓаат странските работници се и Филипините со 16.195 дозволи, Индија со 14.500 и Македонија со 11.384 издадени дозволи за престој и работа.
Во првите десет земји според бројот на издадени дозволи се и Косово со 5.860, Египет со 5.149, Узбекистан со 5.161 и Бангладеш со 3.183 издадени дозволи.
Податоците покажуваат дека најголем број дозволи за престој и работа биле издадени во јануари, додека најмногу продолжувања се регистрирани во ноември.
Работната сила од Македонија
