Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека ќе се ублажуваат мерките против ширењето на коронавирус, а кои се однесуваат на работата на угостителските објекти и бројот на лица на јавни настани на отворен и затворен простор без ковид потврди.
Премиерот на Хрватска на владината седница изјавил дека ќе биде укината самоизолацијата за деца од предшколска возраст, освен во случај на семеен контакт и укинување на самотестирањето на учениците еднаш неделно.
Ублажувањето ќе биде и за мерките поврзани за различни забавни, спортски, верски и туристички, како и политички активности.
– Се гледа дека последиците и облиците на болеста од сојот омикрон се полесни отколку што беа претходно, изјави премиерот и додал дека околу 70,6 осто од популацијата е вакцинирано со барем една доза, пренесоа хрватските медиуми.