Во Хрватска се појави фотографија која ја згрози јавноста – во Општата болница во Сисак ставиле две пациентки на еден кревет, објави Макфакс.

Во Сисак ОБ, две пациентки се забележани како лежат на една носилка (кревет за префрлање на неподвижни пациенти). Фотографијата ја згрози јавноста, пренесува Дневник.хр.

„Додека пратеничката Маја Грба-Бујевиќ се слика со директорите на болниците, добиваме слика од Сисак каде што од итната помош немаат доволно кревети и ставаат двајца пациенти на една носилка. Многу хумано за 21 век“, се вели во описот на објавата.

Од болницата одговориле дека во петокот во периодот од 13 до 15 часот имало повеќе од 60 пациенти, меѓу кои и голем број тешки случаи кои морале да бидат прегледани, дијагностички и хоспитализирани.

Поради недостиг на простор, во еден момент две жени биле сместени на ист кревет, и тоа многу кратко, додека не им се обезбедил соодветен простор, изјави директорот на ОБ Сисак, Томислав Дујменовиќ