Откако хрватската влада понуди по 200.000 куни, односно 26.500 евра за секој иселеник што ќе се врати во хрватска, како дел од пакетот демографски мерки за ревитализација на земјата, за еден месец се пријавило само едно лице, објави РТЛ.
Иван Мајсториќ од Светскиот младински сојуз за медиумот посочил дека „на младите треба да им се нуди повеќе.
– Важно е да се регулира деловната клима за инвестирање, да се подобрат работните услови на пазарот на труд, да се обезбедат подобри работни места и повисоки плати, а тука се и домувањето и усогласување на семејниот и деловниот живот, истакнал тој.