Како што соопшти косовското МО, првично двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе биде потпишан договор за соработка во областа на одбраната меѓу двете земји. Најавена е и средба на делегациите на двете земји.
Баножиќ ќе го посети седиштето на операцијата на НАТО во Косово, КФОР и ќе се сретне со припадниците на хрватската војска во рамките на таа мисија.
За време на дводневна посета на Косово, Баножиќ ќе го посети и Јањево, каде што живеат мнозинството припадници на хрватската заедница во таа земја и ќе се сретне со челниците на Хрватското здружение „Свети Никола“.