Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени.
Во Скопје претпладне свежо, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.
Максималната температура ќе достигне 25 степени.