Денеска (08.05.2023) околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Центар се изгубиле две малолетнички од струмичко кои биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред ТЦ Веро Џамбо. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките, соопштија за Радио Лидер од МВР.
На социјалните мрежи се шири апел за помош во пронаоѓањето на две малолетни девојчиња, кои последно биле видени денеска во 15:50 кај трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Центар.
Станува збор за 12-годишната Антонија Јанкова, чија мајка го објави апелот и 14-годишната Радмила Иванова, двете од Струмица. Во Скопје дошле на ексурзија. Телефоните им се исклучени.