ВМРО-ДПМНЕ: Потврдено следење на Мицкоски и новинари, СДС злоупотребувал безбедносни служби

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека е официјално потврдено следењето на тогашниот опозициски лидер, а сегашен премиер Христијан Мицкоски, како и на новинари, бизнисмени и други јавни личности. Според нив, во периодот кога власта ја предводеше СДС, безбедносните служби биле користени за политички притисоци и дискредитација.

Сите детали прочитајте ги од веста во продолжение:

МИЦКОСКИ, РУСКОВСКА, НОВИНАРИТЕ ЗЛАТЕВ И ЛАНДОВ БИЛЕ ТАРГЕТИРАНИ: Голем список за прислушкување, Николоски повика Обвинителството да реагира!

Реакција на опозициската партија

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и тие да ја вршат основната функција – заштита на државните интереси“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие додаваат дека наместо да се грижат за државата, Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност биле насочени кон следење на политички противници.

Апел до правосудните институции

Партијата бара обвинителството и судството да постапат по случајот и да ја утврдат одговорноста. „Како партија која силно стои на ставот за владеење на правото, заштита на човекови права и демократски вредности, очекуваме конечно да се стави крај на ваквата незаконска пракса“, се наведува во нивното соопштение.