Едниот од четворицата недостапни напаѓачи на Контролната кула на М-НАВ кој вчера беше уапсен ќе оди во куќен притвор, пренесе Макфакс.
„За лицето осомничено за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука“, велат од ОЈО Скопје.
Насилникот беше во бегство 8 дена. По другите тројца се уште се трага.
Претходно, мерките за препазливост за другите четворица достапни за полицијата, преминаа во мерки 30 дена куќен притвор.
Најпознат меѓу овие четворица од вкупно 8 напаѓачи е Беким Незири, главен на огранокот на ДУИ во Чаир, а кој е вработен во М-НАВ.
Тој и уште тројца се достапни и веќе се во куќен притвор.