И покрај двата месеци кои ги поминаа во локдаун, Нов Јужен Велс денеска пријави 919 нови случаи, зголемувајќи го бројот на новозаразени приближно до илјада.
–Вакцинацијата е клучна. Мора да ги зголемиме бројките на вакцинирани изјави Кери Чант, здравствениот службеник на Нов Јужен Велс.
Австралија се бори со третиот бран на коронавирусот, по што властите беа принудени да го вратат народот во локдаун, што предизвика големи протести во Сиднеј и Мелбурн.
Околу 31% од населението над 16 години е целосно вакцинирано, а 54% имаат барем една вакцина.
Најголемата државна болница во Сиднеј, Вестмед е преполна и ги испраќа пациентите во помалите болници.
Министерот за здравство Бред Хазард го препозна проблемот со здравствениот систем и соопшти дека надлежните работат под голем притисок, но состојбата може да се контролира.