Долгата и бавна реконструкција на булеварот „Киро Глигоров“ го отежнува движењето и за возачите и за пешаците во овој дел од градот, а сега ни помалку ни повеќе ќе се раскопува и нова улица во овој дел од градот.
Имено, станува збор за реконструира и коловозот на булевар „АСНОМ“, на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до пристапната улица на Куќата на фудбалот во Ново Лисиче, на површина од 9.750 квадратни метри. Од Град Скопје информираат дека ова е барање на граѓаните и дел од програмата „За модерно Скопје“.
-Со целосна реконструкција на булеварот „АСНОМ“, од крстосницата со булевар „Србија“ до пристапната улица на „Куќата на фудбалот“, се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата „За модерно Скопје“- соопштија од Град Скопје.
Реконструкцијата на булеварот „Киро Глигоров“ започна во август 2021 година и досега се уште не е завршен овој булевар. Нејасно е зошто ќе се реконструира уште еден булевар во близина на „Киро Глигоров“ кога и самиот тој не е завршен, а честопати граѓаните се потсмеваат бидејќи долго време нема речиси никаков напредок.
Несоодветното менаџирање од страна на Данела Арсовска и стопирањето на работа на овој клучен булеварот за протокот на сообраќај во Град Скопје е мета на потсмев од скопјани, па така е и овој статус кој ви го пренесуваме во продолжение.
-Датумот кога ќе заврши реконструкцијата на бул. Киро Глигоров да се прогласи за празник на Град Скопје! Една ипол година and counting…, предлага еден скопјанец.