Со измените на Кривичниот законик и новиот Закон за амнестија надеж има за сите затвореници дека ќе излезат побрзо од зад решетки, објавува Фокус.
Екс обвинителката Катица Јанева е осудена за дело злоупотреба на службена положба и овластување и таа не може да се надева дека ќе профитира од измените на КЗ.
Сепак, според информациите, нејзините адвокати бараат начин да излезе на слобода со условен отпуст.
Јанева е осудена на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, а пресудата е правосилна.
Таа на 15 јули 2019 година поднесе оставка од својата позицијата во СЈО пред објавување на аферата „Рекет“, а беше приведена на 21 август, по што и беше одреден притвор.