– На денот на изборите, на 17 октомври, во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле. МВР почна внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека Вибер групи или графички прикази од групите може да се креираат и изработат во секое време и од секого и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата, се вели во соопштението.

Од Министерството додаваат дека тоа претставува гарант за сите слободни избори од 2017 година до денес и ќе продолжи да биде и понатаму.