Овие лица, како што изјави Филипче, доволно е да поседуваат медицинска потврда дека биле заболени од Ковид -19 во рок не подолг од 45 дена.
Министерот нагласи дека новите рестриктивни мерки кои треба да стартуваат од понеделник се во насока на зашита на јавното здравје.
– Верувам дека сите сме свесни, дека граѓаните се свесни оти се работи за мерки во насока на заштита на здравјето. Такви мерки се воведени во сите развиени земји во Европа и во светот. Во принцип за сите важи потребата од приложување сертификат за вакцинација, единствено што е воведено како забрана е огранизирање свадби и веселби во затворен простор, од причина што на такви прослави тешко се спроведуват и запазуваат протоколите за заштита, рече Филипче.
За предвиденото воведување редарски служби од страна на угостителите, Филипче рече дека тие се во насока на заштита на самите угостители. Нагласи дека при воведувањето на мерките е разговарано со сите субјекти и додаде дека е отворена опцијата за дополнителни консултации за какви било потешкотии или предизвици што би се јавиле при спроведувањерто на новите протоколи и мерки.