Швајцарија започна со ублажување на ограничувањата за пандемијата на коронавирус. На ова се одлучиле откако констатирале дека скокот на инфекции од омикрон не е голема опасност за здравствениот систем.

Од денеска не важат правилата за карантин и наредбата за работа од дома, соопшти владата.

Конечната одлука за тоа како да се продолжи со укинување на мерките треба да се донесе на 16 февруари.

Владата оценува дека омикрон варијанта на ковид-19, иако е високо пренослива, има помала веројатност да предизвика тешки случаи во споредба со претходните вирусни варијанти и оти може да започне ендемската фаза.