Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација (ЕХФ) на Пелистер му додели специјална покана за настап во ракометната елита.

„Црвено-црните“ ќе настапат во ЕХФ Европската лига

Македонскиот ракомет и следната сезона ќе има сигурен претставник во Европската лига на ЕХФ, откако Вардар обезбеди директно место во групната фаза. Најтрофејниот македонски клуб профитираше од добиената вајлд-карта на Еурофарм Пелистер за Лигата на шампионите, што автоматски му го отвори патот кон второто по ранг европско натпреварување.

Вардар со нетрпение го очекуваше епилогот

Екипата од Скопје, која заврши како вицешампион во македонското првенство, внимателно го следеше развојот на ситуацијата околу Пелистер. По официјалната потврда од ЕХФ дека битолчани ќе играат во елитната Лига на шампиони, Вардар доби зелено светло за настап во групната фаза на Европската лига.

Се чека одлуката за Алкалоид

Во меѓувреме, се очекува одлуката на Европската ракометна федерација во врска со Алкалоид. Тимот од Автокоманда, кој ја освои ЕХФ Европската Куп, веќе поднесе барање за учество и сега го чека одговорот од ЕХФ. Конечниот список со учесници во групната и квалификациската фаза ќе биде објавен на почетокот на јули.