Од компанијата велат дека дефектот Студеничани не може да санира поради семејството Идризи, кое, како што додаваат, ги држи во заложништво другите 100 домаќинства без снабдување со струја. Семејството подолго време оградило улици на подрачје од 30-ина куќи во селото, притоа спречувајќи ги екипите на ЕВН да го санираат дефектот, објави 360 степени.

Освен липковско Оризаре, Ваксинце и Лојане, кои останаа без струја поради дефект предизвикан од жители на соседно Слупчане, без струја се оставени и жителите во скопско Студеничани како резултат на, како што велат од ЕВН во официјалното соопштение, преопроварување на двата нисконапонски изводи поради кражби и неконтролирано користење на струја во тој дел од селото.

Од компанијата велат дека дефектот не може да санира поради семејството Идризи од Студеничани, кое, како што додаваат од ЕВН, практично ги држи во заложништво другите 100 домаќинства без снабдување со струја.

Ова семејство, велат од компанијата, подолго време има оградено улици на подрачје од 30-ина куќи во селото, притоа спречувајќи ги екипите на ЕВН да го санираат дефектот.

„Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија“, велат од ‘Електродистрибуција’ и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата.

Претходно денеска од ЕВН информираа дека без струја се останати липковските села Оризаре, Ваксинце и Лојане поради голем дефект кој го предизвикале жители од соседно Слупчане. Тие, како што додваат од компанијата, насилно влегле во енергетски објект во припадност на „Електродистрибуција“ обидувајќи се сами да го вратат напојувањето на струја во селото. Наместо да ја вратат струјата, тие предизвикале уште поголем дефект кој ги оставил без доток на електрична енергија трите соседни села.